ФОТО: #суперстудент ги открива скриените факултетски лавиринти

Од:

Младински образовен форум, денеска на платото пред УКИМ, го организираше првото студентско шоу, на кое студентите имаа можност отворено да зборуваат за секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

Под мотото #суперстудент, во имровизираното студио со водителот Огнен Јанески, студентите имаа можност да зборуваат за голготите со кои се соочуваат и за скриените патчиња на факултетските лавиринти.

#student

Сања Божовиќ, програмски асистент на програмата за истражување, анализа и креирање на младински политики во МОФ, вели дека идеата за настанот е преку креативни фото и видео работилници студентите да се изразат себе си.

#student2

„Решивме настанот да го кристиме #суперстудент за да самите студенти се почувствуваат како супер студенти и да ни кажат што би направиле кога би ја имале таа улога“, вели Божовиќ.

#student5

Студентите, на поставеното стрип пано, имаа можност да се фотографираат како студентски лидер, како и да испишат порака што би направиле ако се дел од студентска организација, но и да понудат интересни креативни решенија за подобро образование.

#student3

„Со ова студентите ќе можат да се изразат себе си и да ни кажат дури и за микро проблемите кои ги имаат. Преку пораките кои ќе ги добиеме ќе допреме до суштината на секојдневните студентски проблеми“, порача Божовиќ, лоцирајќи ги проблемите како недоаѓање на професорите на предавања или краткото време на работење на студентските служби како секојдневие на студентите.

#student4

Таа посочи дека студентите треба да си бараат повеќе права во однос на студентскиот стандард, да имаат поволности, како и Студентскиот парламент кој според законот е официјален студентски претставник, целосно да ги застапува.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар