„Намерно ќе паднам на државен испит за да ме стават министер“, „Не треба да повторам за да знам колку елементи има периодниот систем“, „Министре дојдете на ПМФ да ви одржиме лекција“, „Образование, а не дресирање“, „Се’ е тоа одмазда на бивши повторувачи“, „Министре, кои елементи ги познавате“… беа само дел од транспарентите со кои неколку илјади студенти, професори и граѓани протестираа денес пред Владата, против воведувањето на државниот испит.