(ФОТО) Студентите и вработените на ПМФ им оддадоа почит на загинатите во дискотеката во Кочани

Од:

Во потполна тишина, сочувствувајќи со болката на луѓето кои загубија најмили во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска на платото кај кампусот ПМФ во Скопје студентите и вработените на факултетите запалија свеќи, положија цвеќе и оддадоа почит за загубените животи.

Иако УСС УКИМ го откажа денешниот мирен собир во чест на жртвите од Кочани со објаснување дека на кампусот на Природно-математичкиот факултет нема доволно простор за да се соберат сите кои сакаат да дојдат и да оддадат почит, сепак, студентите не ја испочитуваа одлуката на Универзитетското студентско собрание и спонтано се собраа пред ПМФ за да оддадат почит за трагично загинатите.

 

Би можело да ве интересира

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

А1он

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Пулс“ почнува за седум дена, 38 обвинети, 15 обвинители, две рочишта неделно

Катерина Ѓуровски