Учениците од прва до четврта година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица денеска се приклучија на бојкотот кој што го организира Средношколскиот пленум.
И во двете смени наставата се бојкотираше и наместо во училниците, учениците своето време го поминаа во ходникот на училиштето.
-Веќе два месеца уредно ги следиме процедурите за изразување на незадоволството, но не наидовме на разбирање од надлежните институции, на повикот за дебата, на желбата за компромис, или пак, едноставно сослушување. Затоа со денешниот бојкот на наставата го радикализираме нашето незадоволство од новите промени за полагање на државната матура за кои сметаме дека се крајно непотребни, безкорисни и нема да го подобрат квалитетот на нашето образование, истакнаа од Средношколскиот пленум во СОУ „Јане Сандански“.