ФОТО: Струмичките социјалдемократи ја прославија победата

Од:

Со голем огномет, славеничка торта на која пишуваше „Засекогаш со тебе“ и неколку блех оркестри, струмичките социјалдемократи синоќа ја прославија победата на локалните избори.

Стотици и стотици членови, симпатизери и поддржувачи на градоначалникот Зоран Заев, луѓе од сите возрасни групи, се собраа на едно место, се радуваа на победата, но и на иднината на Струмица, затоа што по трет пат ќе ја води човекот кој ја направи најдобра општина и најпосакувано место за живеење во Македонија. Низ испомешаните звуци од блех оркестрите, ечеше „Зоки,Зоки“, а кулминираше кога на бината се качи градоначалникот Зоран Заев, долго траеше  аплаузот и скандирањето на неговото име, а тој им врати:

-Се гордеам со вас, победата е заедничко дело и ви ветувам дека ќе работиме уште повеќе за нашата Струмица. Како и досега, така и од сега, секогаш ќе бидам тука за вас и за сите граѓани во општината, заедно да ги решаваме  проблемите и заедно да ја градиме иднината на Струмица, рече Заев.

До доцна во ноќта струмичани ја славеа победата и се гордееа што по трет пат го имаат Зоран Заев за градоначалник.

strumica-zaev-slavenje (1) strumica-zaev-slavenje (5) strumica-zaev-slavenje-01 strumica-zaev-slavenje (2) strumica-zaev-slavenje (7) strumica-zaev-slavenje (3) strumica-zaev-slavenje (4) strumica-zaev-slavenje (9) strumica-zaev-slavenje (8)

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски