ФОТО: Струмица ја одбележа 11-годишнината од смртта на Борис Трајковски

Од:

Општина Струмица со пригодна програма денеска ја одбележа 11-годишнината од смртта на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, свежо цвеќе положија членови на семејството, претставници на општина Струмица, јавни институции, политички партии, здруженија и граѓани, а за животот и делото на Борис Трајковски, зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

DSC_8862

– Струмица се гордееше со Борис Трајковски како што тој се гордееше со Струмица. Таа взаемна љубов беше повеќе од очигледна. Токму затоа, во името на таа љубов, општина Струмица уште пред девет години го подигна споменикот „Македонија“ во негова чест, за да ни биде вековит спомен за неговиот лик и дело, нам и на генерациите струмичани кои доаѓаат по нас. „Сите ние споделуваме една иста судбина наречена Македонија“ стои на натписот на овој споменик, како трајно сведоштво за тоа, како претседателот Борис Трајковски ја доживуваше својата родна земја.

DSC_8872

– Тој уште знаеше да каже „верувам во Македонија“ и таа негова верба беше силна и искрена. Но нели е време да се запрашаме, во каква Македонија веруваше тој. Нели е време да си признаеме, дека Борис Трајковски не веруваше дека Македонија ќе биде таква каква што е денес. Да беше денес жив, сигурно ќе беше многу разочаран. Во таква Македонија тој не веруваше. Струмичанецот, Македонецот и човекот Борис Трајковски на денешен ден пред единаесет години замина во вечноста. Останува споменот за него и гордоста што беше дел од нас. Тој е еден од оние луѓе кои остануваат да живеат и по нивната смрт. Така ќе биде за вечни времиња, рече Христов.

DSC_8873

Пред споменикот настапија и рецитатори од домот за деца и млади „Благој Мучето“, а во паркот беше засадено и дрво во чест на Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски