ФОТО: Стариот дел на Охрид блокиран, туристите не можат да стигнат до знаменитостите

Од:

Стариот дел на Охрид воопшто не е влезен во агендата за расчистување на улиците од страна на надлежните. Улиците се целосно со мраз и снег и воопшто не се исчистени. Не се фрлени ниту сол и песок.

Star-Grad-1

Улицата „Илинденска“ која претставува главниот приод до Античкиот Театар и до повеќето споменици во стариот дел е скоро блокирана и по неа не можат да се движат возила. Патот до Канео, преку улицата „Кочо Рацин“ исто така е под мраз и е скоро невозможно да се движи по неа. Иста е и состојбата со улицата „Григор Прличев“.

Star-Grad-2

Жителите на стариот дел на Охрид се револтирани што се оставени и заборавени од надлежните.  Тие револтирано зборуваат за тешкотиите при движењето низ „калето“.

Star-Grad-3

Многу од овдешните жители се стари лица кои не можат да се движат во вакви услови. Тие се заробени во нивните домови. И сето тоа се случува во центарот на градот, а зборуваме дека улиците биле чисти. Еве видете колку се чисти – револтирано зборуваат жителите на стариот дел на Охрид.

Star-Grad-4

Во текот на денешниот ден иста беше состојбата со неколку охридски населби. Ниту се чистеа, ниту пак беа прскани со сол и песок. Не беа исчистени ниту тротоарите и во најстрогиот центар на градот. Сообраќајниот метеж кој се создаваше денеска, не е убава слика пред туристите кои се допатувани и треба да допатуваат за новогодишните празници.

Star-Grad-5 Star-Grad-7 Star-Grad-8 Star-Grad-9

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид