Средношколците од скопски гимназии веќе шести работен ден ја бојкотираат наставата, но се присутни во училишните холови и во двете смени.
Вчера дојдоа пред вратата на МОН за да го потсетат министерот Адеми дека се уште ја чекаат ветената средба. Тие очекуваат министерот Адеми да ги повика на средбата, која тој им ја вети за минатата недела , а потоа и да ги повлече измените во полагањето на државна матура.
Средношколскиот пленум информира дека освен бојкотот во скопските гимназии, наставата е блокирана во Куманово, Охрид, Струмица и во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Од денеска и албанските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ се приклучуваат на бојкотот. Велат дека барањата на средношколците немаат никаков етнички и партиски предзнак и се оградуваат од сите етикетирања.
Според Средношколскиот Пленум, околу 18 илјади срендошколци на територијата на Македонија моментално ја бојкотираат наставата.