ФОТО: Средношколски марш во Охрид

Од:

Низ улиците на Охрид денеска средношколците одржаа протестен марш против, како што рекоа, лошите реформи во образованието. Тие се спротивставуваат на новите реформи во образованието и бараат да се врати стариот концепт на полагање матура.

DSC03548

Се собравме ние учениците од трета и четврта година за да покажеме дека има слога, главно меѓу нашата генерација, но и меѓу помалите генерации, не само на ниво на Охрид, туку и во целата држава. Нашата цел беше да покажеме дека не се плашиме да го кажеме нашиот став за лошите реформи кои за нас се тотално неприфатливи и несфатливи. Под тоа се подразбира враќање на стариот концепт на државната матура, укинување на екстерното тестирање во кое е нелогично ученик со настава од осум месеци да биде истестиран во најопшти триесет прашања и тоа да биде пресудно за неговата иднина – изјави Леонид Трпчески, средношколец во Гимназијата „Свети Климент Охридски“.

DSC03540

Тие најавија дека со бојкотот на наставата ќе продолжат помасовно се додека не бидат прифатени нивните барања и дека институциите мора сериозно да го сфатат овој протест на средношколците не само во Охрид туку низ Република Македонија. Денеска, на протестот имаше ученици од охридската гимназија, економското училиште и помала група од електро – машинскиот училиштен центар.

DSC03535

Охридските средношколци денеска на протестот добија поддршка и до нивните родители во нивните барања.

На 6-ти април дојде писмо со известување за новиот концепт на државната матура. Воведени се некои нови предмети што треба да ги полагаат учениците. Дотогашниот концепт на државната матура којшто на некој начин на учениците што им беше предложен во ноември минатата година повеќе не важи. За жал, Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието како да ги натераа учениците со сила да излезат на улица – изјави Рајко Домазетоски, член на Училишниот одбори и на Советот на родители додавајќи дека родителите денеска даваат целосна поддршка во барањата на учениците.

DSC03492

Домазетоски додаде дека врз учениците се вршело голем притисок да не излезат на денешниот протестен марш, тврдејќи дека раководството на училиштето по секоја цена сакало маршот да не се одржи да не успее.

DSC03533

Учениците од охридската гимназија се упатија кон седиштето на Општина Охрид, па продолжија до градскиот плоштад од каде најавија дека ќе продолжат со протестите додека надлежните не ги слушнат нивните барања и не ги решат проблемите.

DSC03530

DSC03523

DSC03521

DSC03520

DSC03516

DSC03513

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците