ФОТО: Средба на Жерновски со Амбасадорката на Република Србија

Од:

Амбасадорката на Република Србија во Р. Македонија, Н.Е. Душанка Дивјак-Томиќ изрази благодарност до општина Центар и до градоначалникот на општината, Андреј Жерновски за помошта која беше доделена за настраданите од катастрофалните поплави во Република Србија.

На средбата во кабинетот на градоначалникот, на Жерновски му ги пренела најновите информации за состојбите во нејзината земја.

Состојбата релативно се смирува, но опасноста не е помината.

Divjak-Tomic

Триесетина илјади граѓани се евакуирани, најголемата опасност демне во околината Шабац, Обреновац, електраната Никола Тесла кај Колубара и електраната Костолац.

Фактички – половина Србија е зафатена со штети од страшните поплави.

Како што изјави амбасадорката на Република Србија, Н.Е. Душанка Дивјак-Томиќ прва задача на државата е да се спасат сите човечки жители.

Според досегашните информации – досега има загинато 20 лица, некои со давење, некои од природна смрт.

„Сакам да се заблагодарам во името на граѓаните на Р. Србија за несебичната помош од Р. Македонија. Уверена сум дека ова е уште еден доказ за пријателството меѓу двете земји и уште еден кредит за натамошно развивање на пријателските добрососедски односи“, рече Дивјак-Томиќ.

Zernovski21maj

Градоначалникот Андреј Жерновски потврди дека помошта од Република Македонија е несебична.

„Нашите граѓани знаат како е кога земјата ќе ја погоди природна катастрофа и знаат колку е значајна помошта од сите. Нашата соработка и помош продолжува. Општина Центар е секогаш отворена да даде помош на Република Србија и на сите земји и градови на кои им е потребна помош. Секогаш сме подготвени да помогнеме, како пријатели“, рече Жерновски.

Советот на општина Центар донесе едногласна одлука за доделување на еден милион денари за Република Србија, а поединци од општината несебично донираа храна, вода за пиење, ќебиња и хигиенски производи.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски