ФОТО: Средба на раководството на СДСМ со Хауард Дин

Од:

Актуелната политичка ситуација во Македонија, можните излезни решенија, демократските капацитети на земјава и евро-атлантските перспективи беа тема на денешната средба на тесното партиско раководство на СДСМ со членот на бордот на директори на НДИ, со големо политичко искуство како претставник на Демократската партија во САД, Хауард Дин.

Како најголема опозициска партија правиме чекори што водат кон стабилизирање на Македонија, којашто последниве неколку години функционира на ниво на режим, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Zaev Din 1

Тој ја објасни потребата од создавање услови за реализација на загрозеното уставно право на слободен избор на гласачите во земјава како и предлогот на опозицијата за формирање техничка влада којашто ќе спроведе слободни и фер избори.

Zaev Din 2

Високиот претставик од НДИ, Хауард Дин се интересираше за вчерашниот неуспешен состанок на лидерската средба. На состанокот со раководството на СДСМ стана збор и за стратегијата на СДСМ за натамошно дејствување на опозицијата и за општата политичка клима во државата.

Zaev Din 4

Претставникиот од НДИ, Дин, порача дека е од интерес на Македонија почитување на европските вредности и евро-атлантска иднина на државата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар