ФОТО: Средба на пензионерите од Ѓорче Петров и Сарај со градоначалникот на Скопје

Од:

Денеска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски  во СРЦ Сарај, кај езерото Треска, се сретна со пензионерите од Ѓорче Петров и Сарај, во организација на  Здружението на пензионери од Ѓорче Петров и Сарај.

-Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и тоа преку заемно учество во реализација на различни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите. Нашата соработка ќе продолжи и натаму, затоа што сите ние им должиме многу на нашите пензионери- истакна градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје со финансиски средства во износ од по 500 000,00 денари, три години по ред, а во 2014 година, финансиска поддршка во износ од 1 000 000,00 денари, континуирано  вложува во реновирање на Рекреативниот центар Катланово и негово оспособување. Досега реновирано е фоајето на одморалиштето, комплетно се обновени ходниците на двата ката, а од средствата од 2012 година реновирани се бањите во собите на одморалиштето.

Sredba so penzioneri vo SRC Saraj (4)Во дворот на објектот поставени се клупи и осветлување, а следната година ќе бидат обновени и бетонските патеки околу Рекреативниот центар.

За пензионерите, Град Скопје, организира и групен превоз на дестинации на подрачјето на град Скопје и територијата на Република Македонија,во вкупен износ од 500 000,00 денари. Исто така, Градот организира и бесплатен превоз на возрасни лица, три дена во неделата – вторник, петок и сабота; од буџетот обезбедува и бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за пензионерите инвалиди.

Градот Скопје константно обезбедува поддршка во однос на организациско јакнење на Сојузот на пензионери на Град Скопје и здруженијата кои се негови членки, па оттука одвојува финансиски средства за поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13-то Ноемриски шаховски турнир, Градот Скопје ги покрива и трошоците во износ од 26 000, 00 денари за користење на Универзална сала за организирање на јубилејните десетти по ред Републички ревии на песни, музика и игри на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје што се одржаа во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери