ФОТО: Современа и урбана пјацета на спојот на ул. „Пиринска“ и бул. „Св. Климент Охридски“

Од:

Новиот мини плоштад на спојот на улица „Пиринска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ е уште еден освоен простор за одмор и релаксација за жителите на околните згради и за минувачите.

Нова пјацета (1)

На местото на несредениот паркинг, оштетен асфалт и подлога и бандери од кои висеа кабли, на површина од 290 м2, општина Центар изгради мини плоштад, хортикултурно уреден со јавно осветлување и нова урбана опрема.

Нова пјацета (3)

Пјацетата е поплочена со комбинација од природен гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најмодерните светски стандарди за партерно уредување. Доминираат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја – ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.

Нова пјацета (5)

Во жардинери има густо зеленило, а просторот е осветлен со канделабра и 17 амбиентални светилки.

Нова пјацета (6)

На барање на граѓаните, поставена е чешма со вода за пиење и разладување.

Нова пјацета (4)

По средбите, кои градоначалникот Жерновски ги оствари со жителите на овој дел од Центар, кои се жалеа на изгледот и состојбата на просторот, општина Центар започна и го реализира ветувањето – запуштениот дел на спојот на улиците “Пиринска“ и “Св. Климент Охридски“ сега е убаво уреден и современ мини плоштад“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Нова пјацета (2)

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски