Едно лице загина, а три се повредени, во вчерашната сообраќајка во која автомобил „Опел Вектра“, влета во автобус.
Несреќата се случила вчера наутро, околу 4:45 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на излезот од село Босилово.
До несреќата дошло кога 62-годишниот Митко Папулев од струмичко Ново Село, кој управувал со „Опелот“ се обидел да го заобиколи тракторот кој се движел пред него и директно удрил во автобусот кој возел на спротивната страна од коловозот.
Папулев починал на лице место, а неговите сопатници – 18 годишната С.И. заработила тешки телесни повреди, додека Г.М. (22) се здобила со полесни повреди. Повредените биле пренесени во струмичкиот Медицински центар.
ФОТО: Вис