ВИДЕО + ФОТО: Сообраќаен хаос во Охрид од автобусите кои пристигнаа за митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Повеќе од 220 автобуси од сите градови и населени места од Македонија според извори на А1 од ВМРО ДПМНЕ дојдоа во Охрид за да присуствуваат на почетокот на изборната кампања на владеачката партија за локалните избори на 24 март.

ohrid vmro (5)

Ниту од ВМРО ДПМНЕ немаа точна бројка на автопбуси кои пристигнаа во гардот. Во Охрид е вистински хаос, бидејки во период од само 40 минути главниот булевар Туристичка во градот беше речиси целосно блокиран од големиот број автобуси и автомобили кои се паркирани од двете страни на Туристичка но и од реките народ кои се упатуваа кон плоштадот каде ќе се одржи митингот на ВМРО ДПМНЕ.

ohrid vmro (3)

Поради големиот број автобуси, проблем беше и паркирањето поради немањeто на доволно простор, па дел од нив се упатија и кон периферијата на градот.

ohrid vmro (2)

Неофицијално како што рекоа некои граѓани, забележале како непознати лица наплаќале за паркирање на автобусите на Туристичка за цена од 100 денари.

ohrid vmro (4)

Утре во Охрид утре митинг во Охрид ќе одржи и здружената опозиција предовдена од СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО