ФОТО: Сојузот за иднината прослави со зурли и со тапани

Од:

Носен на рамена од членовите на неговиот изборен штаб, а придружуван од голем број жители на општина Центар, новиот градоначалник Андреј Жерновски ја прослави победата пред бараките на општината, каде деновиве треба да седне на градоначалничката фотелја, објави Плусинфо.

Двата влеза на оваа скопска локална самоуправа ги штитеа десетина полицајци, а Жерновски со своите поддржувачи на платото пред општината заигра оро на „Бисер балкански“.

Победата на Жерновски, со зурли и со тапани, вечерва се прославуваше по улиците на општината, а група од повеќе од 200 членови и симпатизери на партиите од опозицијата, пешки од штабот во Центар со развиорени знамиња, заедно со новиот градоначалник, претходно минаа крај зградата на владата.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија