ФОТО: Со пумпи се вади водата од поплавените подруми во Уставен и ТЦ Буњаковец

Од:

Подземни води ги поплавија подрумските простории и на новата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј. Водата се црпи за да не дојде до поголеми оштетувања.

По интервенција на надлежните од општина Центар, со пумпи се прави обид да се исцрпи водата во овој нов објект.

bunjak (6)

Од поплавените подруми во ТЦ Буњаковец, со пумпи почна да се вади водата. Граѓаните, сопственици на дуќаните, денеска изразија задоволство и благодарност од брзата реакција на општина Центар.

bunjak (5)

Според официјалниот документ од Градежниот институт „Македонија“, се работи за подземни води.

bunjak (3)

„Карактеристично за сегашниот период и состојба на висок водостој, анализирано во последните 20 години, има доста високи, дури и екстремни нивоа на подземни води.“, стои во информацијата на Г.И. „Македонија“.

bunjak (2)

Градоначалникот на општина Центар, на повик на граѓаните, вчера разговараше со сопствениците, ја согледа состојбата и им вети дека ќе направи се што е во негова надлежност за да им се помогне и по консултацијата со надлежните да се бара трајно решение на овој проблем.

bunjak (1)

Вакви поплавувања на подземни простории има и во други објекти во општината, како што се објектите „Тифани”, Еуростандард банка”, „Соборниот храм” и други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар