ФОТО: Со положување цвеќе, почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Од:

Денеска, на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје. Делегацијата од Град Скопје ја предводеше градоначалникот Коце Трајановски.

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Собранието на РМ предводена од потпретседателот на собранието, Антонио Милошоски, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, тричлена делегација од Министерството за одбрана на РМ предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од Министерството за внатрешни работи, предводена од министерката Гордана Јанкуловска, Министерството за образование, Министерството за правда, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, предводена од министерот Миле Јанакиески, Министерството за животна средина и просторно планирање, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец, Амбасадата на Франција во РМ, претставник од Амбасадата на Турција во нашата земја како и претставници од амбасадата на Кина во РМ. Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“, во тек е традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на град Скопје.

Вечер, во Музејот на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“. Во 20:30 часот, во Салонот на МГС ќе биде отворена изложбата на фотографии „Скопје ‘63 – филмска хроника на едно време“. Проекција на еден од најнаградуваните документарни филмови „Скопје ‘63“ на режисерот Вељко Булајиќ е закажана за во 21 часот во Музејот на град Скопје, со што ќе биде одбележана 51 годишнината од катастрофалниот земјотрес.

26 juli 2014 (4)

26 juli 2014 (3)

26 juli 2014 (1)

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Лос Анџелес: Граѓаните се предупредени на дополнителни потреси

Почуствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја стресе Романија и Молдавија

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење