(ВИДЕО) Скулптури на велосипед прашуваат: Уште колку жртви?

Од:

Скулптури на велосипеди со силуети кои на своите тела носат натписи: „Уште колку жртви“, „Скопје е и наш град“ и „Кај јас да возам“, од утрово можат да се видат на три локации во Скопје: на улиците „Орце Николов“, „Рузвелтова“ и во близина на болницата “8-ми септември“.

Се работи за уште една урбана уметничка акција, која алармира за катастрофалната состојбата на улиците на Скопје – нема велосипедски патеки, а и тие што постојат се со дупки. Како резултат на хаосот во сообраќајот, велосипедистите во главниот град се чести жртви во сообраќајот.

9

Оваа урбана акција е посветена на загинатите велосипедисти и на протестот “Коце врати ни ги улиците!“.

8

Само во последните неколку месеци имаше 66 жртви во сообраќајот во Македонија.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ