ФОТО: Скопје се подготвува за поплави

Од:

Градот Скопје и Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се подготвуваат да се справат со последиците од невремето што се најавува дека ќе ја зафати територијата на нашата земја во наредните денови.

Vezbi za poplavi (1)

Градот посочува дека се мобилизирани екипи од сите јавни градски претпријатија, од ЈП „Водовод и канализација“, од ЈП „Улици и патишта“, од ЈП „Комунална хигиена“, од ЈСП, од ЈП „Градски паркинг“ и од ЈП „Паркови и зеленило“, кои во соработка со екипите од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и со СВР Скопје уште во првите моменти од најавените интензивни врнежи од дожд ќе излезат на терен и нема да дозволат невремето зад себе да остави штети.

Vezbi za poplavi (2)

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје располага со соодветни материјално-технички средства и механизација, 50.000 вреќи со песок, камиони, багери, цистерни, пумпи за извлекување вода, чамци за спасување и друга опрема. Доколку состојбата на терен се влоши и ги надмине постојните капацитети, ќе се вклучи и дополнителна механизација, велат од Град Скопје.

Vezbi za poplavi (3)

Екипи на Град Скопје ќе дежураат на сите мостови по течението на реката Вардар и на притоките, ќе го следат водостојот и ќе информираат доколку се јави опасност од големи наноси. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, пак, ја проверуваат, чистат и обележуваат целата атмосферска канализациска мрежа што е во надлежност на Град Скопје.

Vezbi za poplavi (4)

Градот Скопје редовно ќе ги информира граѓаните за состојбата на терен и за евентуалните проблеми во одвивањето на сообраќајот или застој во автобуските линии.

Vezbi za poplavi (5)

Градот Скопје ги информира граѓаните на кои им е потребна помош поради евентуалните влошени временски услови да се јават на дежурниот (24 часа) и бесплатен телефонски број 195 и да побараат помош.

Vezbi za poplavi (7)

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје денеска изведе и техничко-показна вежба, на кејот на реката Вардар, кај паркот во Аеродром, на која беа демонстрираа техники за справување со последиците од влошени временски услови во градска средина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега