А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Симулација на заложничка криза на охридскиот аеродром

by А1он09/11/2012 - 16:2909/11/2012 - 16:30169
Share0

Македонската полиција на Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле три дена се подготвуваше како да се справи со евентуален терористички напад на аеродром, грабнување на патници и нивно држење како заложници.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во акцијата „Бран 2012“ учествуваа стотина припадници на специјалните полициски единици, хеликоптери, медицински екипи и противпожарни служби. Беше извршена симулација на тимска соработка помеѓу силите за безбедност,водење преговори со грабнувачите, решавање на заложничка криза во аеродромски простории.

Лицето кое пробало да внесе оружје на аеродромот е пресретнато од аеродормските служби, но тој го употребува оружјето и зема со себе заложници. Преговорите траеле речиси 24 часа. Биле исполнети некои од условите на киднаперите, но на крајот се одлучило да се оди со акција на нивно елимирање.

[nggallery id=54]

Следете a1on на Youtube YouTube

Во улога на грабнувачи и заложници беа студенти од Факултетот за драмски уметности во Скопје. Оваа акција се случува во време кога Европа па и регионот се соочуваат со закани од можни терористички напади, како што беше последниот на аеродромот во бугарскиот град Бургас. Настанот денеска беше отворен за јавноста, а присутни беа и преставници на повеќе странски амбасади во земјава.

Дел од другите државни институции не биле запознаени со сценариото на вежбата како што се медицинските екипи , а се со цел да се испита нивната брзина на делување во евентуални вакви ситуации. Командантот на акцијата Тони Јакимовски рече дека немаат информации дека аеродромите во Македонија се соочуваат со вакви закани

„За среќа немаме информации дека Македонија може да биде таргет на вакви терористи. Но она што се случува во нашето соседство ни укажува дека мораме да бидеме подготвени. Управата за безбедност и контраразузнавање ги врши сите подготовки за да не се случи такво нешто. Оваа вежба ни укажува и што доколку се случи,и мислам дека сме подготвени“ рече Јакимовски.

mvrohrid

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он05/10/2026 - 14:2805/10/2026 - 14:18

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео