ФОТО: Штрајкот на машиновозачите продолжува

Од:

Железничкиот внатрешен сообраќај и денеска е во прекин откако вчера попладне машиновозачите стапија во штрајк. Причина за штрајкот, според Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, е нередовната исплата на платите и ненавременото добивање сини картони.

Правниот експерт и поранешен синдикалец, Драге Јовановски, за Радио Слободна Европа вели дека очигледно вработените во Железници не се задоволни од раководството на претпријатието. Од други извори се дознава и дека синдикатот барал и смена на генералниот директор на компанијата, Оливер Дерковски.

Борче Ѓошевски од синдикатот на „Ремонт на пруги“, исто за РСЕ, вели дека и тие денеска треба да се состанат со Јанакиески за да разговараат зошто одлуката на владата од ноември минатата година за враќање на претпријатието во „Македонски Железници“ не е спроведена.

strajk zeleznica 29-01-2013 13

Според неа, од 1 јануари во оваа година „Ремонт на пруги“ треба да биде составен дел од „Македонски железници и инфраструктура“, а вработените бараат само одлуката да се спроведе и додаваат дека веќе не можат да издржат зашто три години се без сини картони и со 24 неземени плати. Од „Ремонт на пруги“ велат и доколку не се реши нивната ситуација не ја исклучуваат можноста повторно да почнат со протести.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on