(ФОТО) Шекеринска: Во недела секој граѓанин е помоќен од власта!

Од:

Земјоделието не е лесно, ама куќа направив. Денес не можам ни сметките за струја да си ги платам а не пак на децата и внуците да им помогнам, се пожали еден од земјоделците во Удово на средбата со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

СДСМ ќе води аграрна политика преку која државата нема да зема ништо од земјоделецот. 0% персонален данок за земјоделците е новина која ние ја нудиме. На овој начин вие ќе имате помали давачки а побогата живеачка, нагласи Шекеринска.

Заедно со Шекеринска денеска на средби со граѓаните беше и потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.

Системот на Република Македонија е повеќепартиски и тој функционира на промена. Моќта е кај нас, граѓаните. Затоа, во недела да гласаме за промени, за напредок, рече Узунов.

Од Удово Шекеринска продолжи на средби со граѓани во Валандово, село Николиќ и Дојран.

-За овие 8 години сиромаштијата во Македонија е дуплирана. Во овие 10 дена, со гласот на Груевски и потписот на Јанкулоска покажавме каде се парите на граѓаните: во врвот на власта. 3 и пол милиони евра во кеш земале додека биле во опозиција, замислете колку ли земале овие 8 години додека се на власт и располагаат со буџет од милијарди евра, рече Шекеринска.

Еден ден пред избори функционерите на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат овде и нудат пари за да гласаме за нив. Само ден пред избори мислат на нас, ова мора да запре, коментираа во жителите во Николиќ.

-Ни ја земаа државата, ни ги земаа парите и сега со тие пари сакаат да не поткупат. Оваа власт покажа дека може да ни ја земе и работата, и живеачката, и слободата. Ама во недела ниту една сила не може да ни го одземе правото на глас. Во недела секој граѓанин е помоќен од власта, порача Шекеринска во Дојран.

IMG_8850

IMG_8832

IMG_8826

IMG_8797

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски