(ФОТО) Шекеринска од Гостивар: Поголема средна класа за подобра држава

Од:

Гостиварчани денеска во голем број ја пречекаа заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која беше во нивна посета и оствари бројни средби со граѓаните.

sekerinskaOdGostivar (1)

На градскиот плоштад заедно со младите таа ги презентираше мерките од Програмата кои имаат за цел подобрување на животот на младите и отворање на можности за нивно вработување.

sekerinskaOdGostivar (2)

Младинската гаранција, бизнис инкубаторите, студентскиот град, бесплатниот јавен превоз и поефтин  меѓуградски превоз за студенти се само дел од мерките кои ќе го подигнат животниот стандард на младите и ќе ги зголемат нивните надежи за создавање иднина во Македонија.

sekerinskaOdGostivar (3)

Шекеринска во рамки на посетата на Гостивар оствари и средба со здружението на пензионери од Гостивар.

Пензионирање по основ на стаж, државна социјална пензија, докуп на стаж, усогласувањето на пензиите со потрошувачката кошница, беа дел од мерките кои пензионерите со големо внимание ги слушнаа на средбата.

sekerinskaOdGostivar (4)

Во нашата Програма главен акцент е ставен на она кое вие најдобро го паметите, а тоа е средната класа. Посилна средна класа значи власта да троши помалку, а повеќе да имаат граѓаните и нивните семејства. Парите да не се трошат на бетон, туку на граѓаните за создавање на шанса за подобра иднина во државата, рече Шекеринска.

sekerinskaOdGostivar (5)

Таа во своето обраќање го истакна и значењето на претседател кој ќе обединува наместо да дели, кој нема да зависи од ниту една власт и ќе работи во интерес на сите граѓани. Таков Претседател имаме во ликот на Стево Пендаровски, рече Шекеринска.

Пензионерите се интересираа за случајот Македонска Банка, барајќи одговорност од премиерот за како што рекоа големиот криминал кој го сторил.

sekerinskaOdGostivar (6)

Во нормална држава тој досега би поднел оставка и би одговарал пред законите, револтирано коментираа пензионерите.

Шекеринска денеска беше и на средба со здружението на жени кое го сочинуваат жени од сите етнички заедници во Гостивар, каде продискутираа за актуелните состојби во државата и го споделија со неа проблемите кои им го отежнуваат животот, како и загриженоста за заминувањето на нивните деца од државата.

sekerinskaOdGostivar

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници