(ФОТО) Шекеринска: Нудиме шанса за младите да останат во Македонија

Од:

Саботно кафе со отворен и искрен разговор на младите со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска во скопската општина Центар.

Младите загрижени за својата иднина, зборуваа за нивните врсници кои веќе ја напуштиле Македонија и лебот го заработуваат надвор од земјата. Се плашат дека и за нив изборот е ист како на тие кои заминале.

Нашата генерација не гледа перспектива во Македонија. Првата можност што ќе им се укаже заминуваат од тука – се пожали еден млад човек.

Програмата која нуди промени, предвидува низа мерки преку кои младите ќе се стимулираат, ќе им понудат подобар живот и ќе ги зголемат можностите за нивно вработување. Младинската гаранција, студентски град, бизнис инкубатори и бесплатен јавен превоз за студентите, се само дел од мерките кои се предвидени во програмата – посочи Шекеринска.

448 илјади граѓани се иселиле од Македонија. Тоа е загрижувачки податок што сите нас не загрижува, освен власта. Државата мора да им даде можност на младите да ја градат својата иднина во Македонија. Затоа ние нудиме мерки кои ќе ги задржат младите тука, рече Шекеринска.

Sekerinska 4

Sekerinska 3

Sekerinska 2

Sekerinska 1

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време