ФОТО: Седиштето на СДСМ Охрид исчкртано со графити

Од:

„Како расте бројот на граѓаните коишто протестираат против криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, така нервозата во нивните редови станува се’ поголема.

Покрај секојдневните закани и притисоци кон вработени во јавните претпријатија и државните институции да не се појавуваат на протестите во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со провокации ќе може да го поколеба охрабрениот народ.

Седиштето на СДСМ во Охрид во текот на вчерашниот ден беше цел на вандалски чин којшто ја потврдува нервозата на криминалните структури во земјава од враќањето на правдата, слободата и демократијата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува институциите професионално и ефикасно да спроведат истрага и да ги откријат сторителите“, соопштуваат од СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот