(ФОТО) Се урна куќа во стариот дел на Охрид

Од:

Половина куќа се урна во стариот дел на Охрид на улицата Климентов универзитет. Најоштетен е покривот  на куќата која со години е  во лоша состојба.

Во неа  сам живее 42 годишниот Александар Сандев, кој е невработен и не прима социјална помош.

kuka 3

„Беше еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, но за среќа во тој момент јас не бев во куќата. Очекувам дека ќе дојдат и преставници на централната или на локалната власт да ја видат состојбата на куќата но и да видат во какви услови живеам со години. Живеам многу тешко и едвај врзувам крај со крај, но во моментов најмногу ми треба дом“, вели Сандев.

kuka 2

Во куќата каде што живее Александар веќе 18 години нема струја. Тим од Центарот за Социјални работи од Охрид го посети Александар и му понуди помош со цел да оствари право на социјална помош.

kuka 1

Во стариот дел на Охрид има десеттина објекти кои се пред распаѓање и за кои локалните жители бараат да бидат превземени мерки од страна на општината.

aleksandar

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид