ВИДЕО: Се урива терасата на „Бастион“ – „Дојде живот во Центар“, велат вработените

Од:

Со маици „Имаме план за живот во Центар“, вработените од улица го гледаат уривањето на кафе барот „Бастион“ кој се наоѓа на Ленинова (Аминта Трети).

Градежната механизација на општина Центар работи на отстранување на бетонската платформа.

Вчера беше поканет градоначалникот Саша Богдановиќ да дојде на утринска чајанка со сопствениците и медиумите, но тој не се појави.

На местото присутни се припадници на полицијата.

Општината вчера соопшти дека справувањето со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.

Од Општината велат дека по бројните жалби на жителите на Центар и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им бил оставен простор од повеќе од шест месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти.

Бидејќи не го сториле тоа, Општината пристапила кон административно извршување на донесените управни акти.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар