(ФОТО) СДСМ: ТИРЗ Берово – уште една лажна инвестиција на Никола Груевски

Од:

„ТИРЗ Берово е уште една во низата лажни инвестиции на манипулаторот во заминување Никола Груевски.

За индустриската зона во Берово, досега се потрошени над 35 милиони денари а наместо инвестиции, фабрики и отворање нови работни места како што најави Груевски има празна површина од 17 хектари со шут и камења.

На празната ливада се уште стои таблата, пред којашто Груевски фрлаше лопата при поставувањето на камен-темелникот на 18 октомври 2014 година, заедно со Владимир “дил ориентед” Пешевски.

f2

Невработеноста се зголемува а младите, високо образование луѓе ја напушаат Македонија, го напуштаат Берово. Поради катастрофалните политики на Никола 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Симбол за лошите политики на Груевски во Берово е и пропадната Турската инвестиција УЛАК Амбалаж, помпезно најавена којашто остави на улица 50 граѓани.

Досега според најавените странски инвестиции од страна на манипулаторот Никола Груевски, вкупно се ветени а нереализирани вработувања на 34.695 граѓани.

f3

Пред заминување, очајниот Груевски, наместо да се расфрла со виртуелни вработувања и инвестиции, должен е да одговори пред граѓаните за сите лажни инвестиции, коишто со години се само празни ливади.

Ја нема индустриска зона во Гевгелија, ја нема ниту индустриската зона во Крушево, ниту индустриската зона Мауцкер во Охрид којашто остана депонија.

Нема ниту фабрика за печурки во Свети Николе, ниту фабрика за ветерници во тетовско….

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Единствено во што Никола Груевски 10 години “инвестира” се матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, “чоколадите” на кумот Ставрески, 4-те стана на име на мајка му, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизии на тендери и споменици вредни 630 милиони евра…

Корупцијата во врвот на власта во изминатите години однесе безброј инвестиции и работни места и запусти многу населени места во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад