ФОТО: СДСМ Прилеп се поклони пред спомениците подигнати во чест на загинатите кај Карпалак

Од:

„Со чувство на длабока почит за херојоската жртва на 10-те прилепски бранители од 2001-та, кои пред 13 години бранејќи ја татковината ги положија своите животи кај месноста Карпалак, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија се поклонува во нива чест и слава.

sdsmPrilep-karpalak-2014 (2)

По тој повод, претставници на Општинската Организација на СДСМ од Прилеп и членови на Советот на Општина Прилеп, положија свежо цвеќе пред спомениците подигнати во нивно име во центарот на Прилеп и во касарната „Мирче Ацев“.

За жал,13 години после Карпалак, со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на чело на државата, Македонија е земја со длабока поделеност помеѓу граѓаните и крајно влошени меѓуетнички односи.

sdsmPrilep-karpalak-2014 (3)

СДСМ, како државотворна партија, сега и во иднина ќе продолжи да работи за враќање на демократијата, рамноправноста, граѓанските права и слободи, како и зачувувувањето на унитарноста на Република Македонија.

sdsmPrilep-karpalak-2014 (4)

Истовремено, вечно ќе го чуваме и славиме споменот за загинатите прилепски бранители, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он