ФОТО: Ризично и небезбедно за движење на граѓаните кај Бристол

Од:

До медиумите беше испратено писмо во кое граѓанин укажува на опасноста од можни несреќи поради необезбедено движење на пешаците.

„Ви пишувам на сите бидејќи не успеав да најдам табла на која ќе го најдам инвеститорот и изведувачот на објектот на раскрсницата помеѓу улица „св. Кирил и Методиј“ (М.Х-Јасмин) и ул. „Македонија“ спроти Музеј на Град Скопје и не сум сигурен кој треба да интервенира.

fotografija_2_neobezbeden_trotoar

– Кога почна да се гради и се постави „заштитна“ ограда, тротоарот на главната улица се прекина и пешаците сме приморани да одиме на сосема ризичен и небезбеден дел од улицата. Улицата е една од најпрометните во градот. Во близина од едната страна нема ни пешачки премин за да може да се премине на другата страна на улица.

На другата страна на раскрсницата на ул. „Македонија“ со „Даме Груев“ каде си има табла и пишува дека Инвеститор е Влада на Р.М а изведувач Бетон АД Скопје иако улиците не се толку прометни има направено ограда низ која колку толку може безбедно да се движат пешаци.

fotografija_3_obezbeden_trotoar_kolku_tolku

Ве молам во најбрз можен рок да излезете на терен и да преземете сѐ што можете за да се обезбеди тротоарот пред да дојде до несреќа“, пишува граѓанинот во писмото.

Општина Центар, информираат за А1он, превзема активности за решавање на овој проблем, кој настана со отворање на градилиштата за изградба на новата зграда на ЕЛЕМ и Катна гаража.

Се работи на восопоставување на нови пешачки патеки за да можат граѓаните безбедно да се движат. Активностите се во рамките на можностите на сегашната состојба на теренот, предизвикана од новите градилишта.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски