ФОТО: Пуштен во употреба реконструираниот пат Три Чешми – Сушево

Од:

Денес свечено беше пуштен во употреба реконструираниот пат што ја поврзува штипската приградска населба „Три Чешми“ со спортскиот аеродром во Сушево.

pat-3cesmi-susevo (1)

Станува збор за пат во должина од 2 км, кој во изминатите 50 години беше сосема запоставен и руиниран. Покрај патот се засадени и над 200 нови садници,а поставени се и 20 клупи за починка на жителите од оваа населба.

pat-3cesmi-susevo (2)

Реконструкцијата на оваа пат беше предвидена во предизборната програма на актуелниот градоначалник на општина Штип, Илчо Захариев.

Свеченоста започна со настап на младинците од културно-уметничкото друштво „Ристо Донев-Учителот“ од Штип.Честа да ја пресечат црвената лента им припадна на најстариот и на најмладиот жител на населбата Три Чешми.

„Како што ви ветивме така и сторивме. Прва населба што ја посетив во предизборието беше токму населбата Три Чешми. Тогаш ви реков дека прв проект што ќе го реализираме по изборите е току реконструкцијата на оваа патека“, изјави Захариев пред насобраните жители од населбата Три Чешми.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени од страна на донатори и пријатели на општината.

pat-3cesmi-susevo (4)

Во своето обраќање за медиумите Захариев изјави: „Овој проект не ја чинеше Општина Штип ниту денар. Со помош на донатори и пријатели ги обезбедивме средствата.  Новите садници и клупи беа поставено за помалку од еден месец, а асфалтирањето ни одзеде само неколку часа. Подобрената патна инфраструктура ќе привлече повеќе посетители во оваа приградска населба“.

pat-3cesmi-susevo (5)

Градоначалникот најави дека во иднина ќе бидат реализирани уште неколку проекти во Три Чешми, како што е изградбата на спортска сала, реновирање на училиштето, како и изградба  игралишта за најмладите.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он