ВИДЕО: Првото бебе во Новата година е машко

Од:

Првото бебе кое се роди во 2019 година е машко и е прва рожба на 25-годишната мајка Ангела Алексовска од Скопје.

Бебето е тешко 3920 грама и долг 52 сантиметри.

„Се роди 1 минута после полноќ, бебето беше карлично поставено и породувањето беше изведено со царски рез. Измината ноќ имавме доста работа, комплицирани итни случаи. Но, тимот на Гинекологија успеа да се справи со предизвиците и сите родилки и бебиња се добро“, рече Игор Самарџиски, лекар на Гинекологија.

Тимот предводен од министерот за здравство, Венко Филипче, како и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на мајката и на бебето им посакаа многу здравје.

Царовска на мајката ѝ додели златник, а Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари, мече и бонбониера.

-Би сакала сите да добијат ваков подарок како мене. Се чувствувам прекрасно. Не очекував дека ќе се породам веднаш по Нова Година, но се надевав и ми се исполни тоа. Породувањето помина во најдобар ред, изјави мајката Александра Ангеловска.

На Гинекологија во Скопје изминатата ноќ се родиле седум бебиња. Во текот на минатата година биле родени вкупно 4630 бебиња.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар