ВИДЕО: Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави?

Од:

Мирен протестен марш под мотото „Македонија ќе победи”, денеска во Кичево одржаа членовите и симпазитери на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот почна кај кружниот тек во близина на автобуската станица. Го предводеше лидерот Христијан Мицкоски кој беше придружуван од претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Ѓорѓија Сајкоски и други високи раководители на ова партија.

Маршот се одвиваше мирно низ булеварот до градскиот плоштад каде се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој изрази задоволсво што е во Кичево од каде што потекнуваат неговите родители.

– Ова ненародна власт ќе се обидува да ја испреврти реалноста. Со оваа власт е исто како со грст злато да ти дадат ама си поставил погрешни мајстори за да градиш куќа. Не може аболицираниот Заев да не води во ЕУ и НАТО. Јас сум за ЕУ и НАТО, но сум против капитуланскиот договор на Заев и Ципрас, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе имаме последици од овој договор, бидејќи ќе бидеме влада на Северна Република Македонија, но ќе се менуваат и називите и на другите институции, рече Мицкоски.

– Ги прашуваме за членот 8. Членот 8 предвидува формирање комисии помеѓу двете држави кои што ќе вршат ревизија на историјата, археологијата и образованието. Дали не е тоа можност, секогаш кога нашата ќе застане во одбрана на националните и државните интереси, некој од спротивната страна да рече нема Европска Унија додека не се сложите, а на што треба да се сложиме? Треба да се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја, народ без културно историско и археолошко наследство и младите да ни учат хибриден образовен систем по желбите на нашиот јужен сосед, е нема за тоа да се сложиме, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на референдумот, Мицкоски не се изјасни кој е нивниот став, но индиректно кажа дека нема да праќаат повик до граѓаните.

„Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал мене тоа право? Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на тој мој народ и тоа ќе продолжам да бидам.

Не може за национално прашање политички елити да одлучуваат. Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се над се, на нас Македонците и нацијата ни е се и над се . Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука ќе биде конечна за сите партии и за сите политичари. И сите заедно ќе излеземе дента после тоа пред нацијата и ќе се поклониме каква и да биде таа одлука. Народот ќе одлучи“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски