(ВИДЕО) Протест против изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол: Се бориме за животот

Од:

„Се бориме за здрава природа за нашите деца. Даваме поддршка за протестот во Валандово. Владата да не ги бутка работите на сила. Не се само парите во прашање, се бориме за животот“, порачаа учесниците на денешниот протест пред Владата против изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол.

На протестот пред Влада меѓу присутните беа и пратениците Горан Милевски и Ивана Туфегџиќ, како и Ѓунер Исмаил, советникот во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ и специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска.

Во исто време се одржува протестен марш и во Валандово, по што ќе следи конференција на граѓаните.

„Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15 часот ќе започне „Конференција на граѓаните против рудниците на смртта“ каде ќе може да слушнеме слични искуства од стопирање рудници од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема „Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”. Конференцијата ќе се одржи во Валандово“, велат од здружението „Спас за Валандово“.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он