ВИДЕО: Почна протестот на албанските здруженија

Од:

Од надвозникот на Бит Пазар тргна колоната демонстранти во организација на поранешни борци на ОНА, на политички осуденици, невладини организации и партиите Движењето за реформи на ДПА и НДП.

Колоната се упати кон Собранието на Република Македонија, со барање Албанците да бидат целосно рамноправни со Македонците и според Уставот и законите.

13052510_516080311909636_1049832407_o

Зијадин Села од Движењето за реформи ( ДПА), вчера кажа дека дискредитирањето на Албанците во Македонија трае 25 години и затоа тие имаат повеќе причини да протестираат.

13054883_516080111909656_1664244880_o

-Албанците имаат многу повеќе причини за да протестираат. Тоа е протест на сите Албанци кои јасно и гласно ќе кажат пред институциите и пред општеството дека ние сме тука за да го бараме нашето што ни следи во оваа држава како автохтон народ. Ова ќе биде првиот чекор за во иднина Албанците и Македонците да бидат целосно рамноправни пред институциите и пред Уставот. Не може Албанците да бидат рамноправни со Македонците само кога има протести. Не може знамињата да се поврзат само на протести, а уште другиот ден кога ќе се смени власта и ќе се дојде до некоја стабилност да продолжиме со истиот начин на владеење во овие 25 години. Јасно и гласно ќе кажеме дека ние сме заинтересирани да ја браниме демократијата, но и нашата демократија, не само демократијата на Македонците, рече Села.

13078358_516080255242975_1509309625_o

Тој е против избори на 5 јуни, а тие што ќе одат на такви избори рече дека ќе згрешат.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата