ФОТО: Проблемите на граѓаните немаат етничка боја

Од:

Интензитетот на отпорот сé повеќе се зголемува. Евидентно е дека покрај масовните каравани, протести и блокади низ градовите ширум Македонија активностите се зголемени и на теренот,помеѓу граѓаните.

Вчеравечер, Јани Макрадули го посети селото Шишево во општина Сарај. На средба со жителите се зборуваше за актуелната политичка криза, соживотот и тешката живеачка на граѓаните. Посебен акцент беше ставен на инфраструктурните проблеми со кои што се соочуваат жителите на ова населено место.

makraduli-shishevo (1)

Едногласно, од сите етнички заедници е искажана поддршка на активностите за враќање на слободата и демократијата во Македонија и надминување на политичката криза преку предврeмени парламентарни избори.

makraduli-shishevo (4)

Жителите посочија дека тешката живеачка и проблемите со кои се соочуваат немаат етничка боја. Тие побараа оживување на спортско-рекреативниот центар Сарај, кој е целосно замрен, и инвестирање во корисни објекти, како на пример каналот за наводнување, а не во тениски игралишта, за кои, згора на се мора да платат доколку сакаат да се рекреираат.

makraduli-shishevo (2)

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ