(ФОТО) Пробиштип доби нова пречистителна станица за вода за пиење

Од:

Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски денеска ја пуштија во употреба новата пречистителна станица за вода за пиење во Пробиштип.

Пречистителната станица, како што посочи Груевски, е дел од првата фаза од проектот на хиродсистемот „Злетовица“ односно изградбата на браната Кежовица со која трајно се решава проблемот за водоснабдување во целиот овој регион од Македонија.

– Филтер-станицата располага со најсофистицирана технологија која се применува во најразвиените земји. Нејзината изградба е вредна 1,4 милиони евра, средства кои беа неопходни за конечно да се реши деценискииот проблем со водата за пиење во Пробиштип, рече Груевски.

Со тоа, додаде, се решава тридеценискиот проблем за околу 16.000 жители во Пробиштип и околните населени места кои благодарение на ХС „Злетовица“ и новата филтер-станица отсега ќе добиваат чиста вода за пиење, а ќе биде решен и проблемот со недостиг на вода, кој е особено изразен во летните месеци од годината.

probistip stanica

– Ова лето жителите на регионот од Пробиштип за првпат после долго време, после генерации и генерации на граѓани ќе имаат нормален доток на вода, чиста и питка вода за пиење и нормални услови за живот како што секој заслужува, подвлече премиерот.

Градоначалникот Тоневски истакна дека средствата за овој проект, кој е од големо значење за општината се обезбедени преку донација од словенечката Влада односно 480 илјади евра, 800 илјади евра се кредит од Jапонската агенција „Џајка“, а остатокот се сопствени средства од буџетот на Општината.

Изградбата на филтер-станицат е реализирана за изминатите пет месеци.
Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец нагласи дека Словенија има големи искуства во заштитата на животната средина и е подготвена да и помогне на Република Македонија во ова поле на патот на приближување кон Европската унија.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он