ФОТО: Пријави се во МК на ВМРО-ДПМНЕ и добиј работа

Од:

Нема ништо случајно кога се вработувањата во прашање. Прво оди на Месен комитет, па во повисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ. И доколку сте лојален и исполнителен член на партијата може да добиете и работа, независно дали за тоа место имало и постручни и пообразовани. Важно е кој го има адутот во рака, а тоа е партиската книшка.

mkdpmne1

На страната на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маџари, јасно стои, што и како се бара како кадар.

mkdpmne2

Членовите треба редовно да ја следат страницата на Агенцијата за државни службеници и заинтересираните партиски членови да се јават во Комитетот.

mkdpmne3

Во известувањето до членството стои дека за кадровските прашања мора да знае претседателот на Месниот партиски комитет, и без негов потпис и без потпис од Претседателството, нема работа.Тоа велат, било според Статутот на партијата.

mkdpmne4

Со свое присуство ги почестила и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Еве какви се впечатоците од посетата.

mkdpmne5

„Денес во ОК беше министерката Гордана. Разговаравме за разни прашања, кадровски, општествени, политички. Смирен и релаксиран состанок благодарение на министерката која беше позитивна, смирена, со благ насмев, ни објаснуваше и ни одговараше на нашите прашања“, стои на страната.

mkdpmne6Т.Ц.

 

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела