ФОТО: Повторно протести пред Центар

Од:

Пред општината Центар повторно протести. Пазарџиите од дивиот пазар, се бунат зошто е исчистен и затворен „бувљакот“, местото каде се работеше на диво и беше полно со смет и можност за зарази.

-Луѓето кој дојдоа пред општината беа донесени од партиски активисти кои и го организираа ова, иако сите знаат дека работењето беше незаконско. Уште пред да биде избран за градоначалник, Андреј Жерновски вети дека сите ќе мора да го почитуваат законот, и дека сите „бувљаци“ и диви депонии ќе бидат исчистени.

На овој простор, се продаваше се и сешто, од црви за ловење риба, износена облека, храна со сомнителен квалитет, машини. Можеше за евтини пари да се купи и украдена стока.

На сметот кој остануваше, реагираше и Царинската управа и бараа да се расчисти и затвори овој простор, а другиот дел да се користи само за она што има дозвола, полигон за обука на возачи, велат од општината Центар.

Од фотографиите може да се види како изгледаше дивиот пазар пред и по расчистувањето.

buvljakk (2) buvljakk (3) buvljakk (1)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар