ФОТО: Потона автобус на „Еуро бус“ во Женевското езеро

Од:

Автобус на автопревозникот Еуро бус од Струга потонал во водите на Женевското езеро во Швајцарија. Како што пренесуваат порталите на албански јазик автобусот според првичните информации бил во сопственост на албанец од Струга и бил регистриран во Швајцарија.

Се уште не се знаат точните причини за потонувањето на автобусот.За среќа во автобусот немало патници, а во него не бил ниту и возачот.

„Одев на пат кон работа, кога видов автобус во езерото“, изјавил еден очевидец.

Од полицијата во кантонот Вауд изјавиле дека автобусот најверојатно се лизнал и паднал во водата додека се наоѓал на паркинг во близина на езерото. Автобусот бил целосно потпоен и за многу брзо ќе биде извлечен од вода.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски