ФОТО: Полицијата пронајде 85 стебла канабис сатива кај Желино

Од:

Во тетовското село Желино, кај месноста „Студена вода“ полицијата пронајде 85 стебла канабис сатива високи над два метри, соопшти тетовската полиција.

Стеблата се пронајдени во нива засеана со пченка во сопственост на 62 годишен жител на селото. На дел од јужната страна и во внатрешноста, пронајдени, искорнати и подигнати за вештачење се стеблата од канабис.

Кој и кога ги засадил стеблата допрва ќе се истражува, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Акцијата била реализирана по однапред добиени сознанија дека на ова место има стебла од растението, информираа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана