Половина час пред закажаниот термин почнаа да пристигнуваат поддржувачите на опозицијата и невладината АЈДЕ кои повикаа на масовен протест против самоволието и партиската директива на Уставниот суд, кој сака да овозможи амнестија за изборен криминал и педофилија.
Просторот пред Уставниот суд го зазедоа административци кои по наредба на ВМРО-ДПМНЕ поставија шатори иако овој контрапротест не е пријавен во МВР.
Од АЈДЕ веќе ја повикаа полицијата да им овозможи да протестираат на најавениот простор во најавеното место, односно пред Уставниот суд.
Од опозицијата која целосно го поддржа протестот против петмината уставни судии, најавија дека сепак ќе се упатат кон Уставниот суд. Протестот е закажан во 18 часот пред владата каде се забележувааѕ силни полициски сили.