ФОТО: По 56 години, зградата кај „Сава Крањ“ со нова фасада, бои и изглед

Од:

„Зградата на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, кај „Сава Крањ“, изградена далечната 1959-та година, за 40-тина дена ќе добие нов лик, нова енергетски ефикасна фасада, за чиј изглед и боја разговараа станарите, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и надлежните во општината.

За бојата, повеќе мислења и предлози, но главно жителите сакаат живи бои со белата боја како основа. Наредната недела ќе падне и конечниот договор“, соопштуваат од Општина Центар.

Sredba so gragani - Mito Hadzivasilev - Jasmin br. 50 (3)

„Она што е основен принцип во фасадите кои ги поставува општина Центар е задржување на автентичниот изглед на зградата, граѓаните сами да одлучат, а не некој од општината за изгледот и бојата на фасадата на зградата во која што живеат“, пишува во соопштението.

„Разговарав со станарите кои живеат во згади со нови енергетски фасади. Тие велат дека сметките за струја се пониски за 30% – 33%, а разликата во становите е од 5 до 6 степени“, рече Жерновски.

Sredba so gragani - Mito Hadzivasilev - Jasmin br. 50 (2)

„На барање на станарите, инвеститорот ќе ги бојадиса и надворешните врати, а општината ќе постави поголеми олуци. На овој потег ќе се изгради ново детско игралиште, со современи реквизити и гумен под поради безбедноста на децата, иако тој ќе чини колку реквизитите. Ова ќе биде по европски стандарди бидејќи досегашните подови на игралиштата беа извор на бактерии“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Sredba so gragani - Mito Hadzivasilev - Jasmin br. 50 (1)

„Оваа зграда има посебна историја, таа е единствената зграда каде е прекинат низот на градскиот ѕид. И Кензо Танге констатирал дека оваа зграда треба да остане. И со ова треба да ја знаете вредноста на Вашата зграда“, им рече Жерновски на станарите.

Sredba so gragani - Mito Hadzivasilev - Jasmin br. 50 (4)

„Оваа осма енерегетски-ефикасна фасада која што ја прави општина Центар исто така е дел од амбициозниот проект „Работно Лето 2015“. Веднаш по зградата на „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, ќе се фасадираат и зградите на улицата Владимир Полежаноски бр. 19 (поранешна „Иван Милутиновиќ“) и на булеварот „Илинден“ бр. 83“, пишува во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски