ФОТО: По 45 години, општина Центар ги реконструира фискултурната сала и аулата во Ј.Х.Песталоци

Од:

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на фискултурната сала и аулата во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци.

Во фискултурната сала беше поставен нов, високо квалитетен дабов паркет на површина од 300 м2. Аулата го привлекува вниманието со интересен изглед – шаховска табла со фигури.

Rekonstruirana aula - Pestaloci (2)

Утре, салата и аулата ќе бидат свечено отворени, а првиот шаховски потег ќе го повлече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Учениците конечно ќе можат да спортуваат во квалитетна сала.

Во ова училиште, конкретно во аулата и фискултурната сала не е интервенирано од неговата изградба, во далечната 1969.

Rekonstruirana sala - Pestaloci (1)

Овој објект, каде што се образуваат генерации млади од општина Центар е донација на швајцарската влада по земјотресот во Скопје и затоа општината беше особено внимателна да се задржи автентичноста и изгледот на објектот.

Rekonstruirana sala - Pestaloci (2)

Утре, 13-ти ноември, денот на ослободувањето на Скопје, општина Центар ќе го отвори новиот, трет по ред пензионерски клуб.

Со ова, општината јасно ја покажува својата грижа и за најмладите и за повозрасните генерации.

Rekonstruirana sala - Pestaloci (3)

Пензионерите во Центар, во Урбаната Заедница “Дане Крапчев“, добиваат ново, урбано место за дружење и рекреација.

Објектот на урбаната заедница е комплетно реконструиран, на површина од 30 м2.

Rekonstruirana sala - Pestaloci (4)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории