ФОТО: По 35 години, реконструирана градинката „Корчагин“

Од:

По речиси 4 децении, матичниот објект на најстарата градинки во општина Центар, „Корчагин“, е реконструиран.

Децата во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветчињата беа стари и дотраени. Фасадната столарија не беше сменета цели 35 години, при што се губеше голем дел од топлинската енергија и децата не беа соодветно заштитени од студ и провев.

Општина Центар замени 102 прозори и постави нови и модерни прозори, како и 6 коморни прозорци, кои се енергетски ефикасни, со 4 сезонско стакло.

Заедно со новите 18 поставени врати, градинката „Корчагин“ сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 121,95 Kwh на м2 годишно, а сега 60 Kwh.
Почитувајќи го начелото на транспарентно работење, Општина Центар и Форумот на заедницата организираа граѓански форум, на кој невладините организации и граѓаните изгласаа токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката „Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.

Половина од средствата за реконструкција ги обезбеди општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ