ФОТО: Пјацета и детско игралиште на улицата „Јоаким Крчовски“

Од:

Во рамките на „Работно лето 2015“, општина Центар изгради пјацета и детско игралиште на површина од 400 м2, на улицата „Јоаким Крчовски“ на Кале.

Joakim Krchovski (2)

„По асфалтирањето на улицата во должина од 200 м2 и реконструкција на тротоарите, општината продолжи со активности во овој дел од Кале. Овој пат, реконструирана е јавна површина меѓу две улици, која претходно беше запуштен простор, обрастен со дива вегетација. Изградена е пјацета, поплочена со бехатон на површина од 350 м2, на која е поставено комбинирано детско игралиште, осум клупи и канти за отпадоци. Реконструиран е и влезот, со поставување на лизгачка порта, а во наредните месеци ќе биде дополнет со летниковец и чешма.

Joakim Krchovski (3)

Улицата и просторот беа уредени по средбите што градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги имаше со жителите на овој дел од градот, како и на сугестија на дипломатските претставници, чии амбасади се наоѓаат токму на улицата „Јоаким Крчовски“.

Стратегија на општината е да се зголемат површините со зеленило и местата за одмор и забава. Во текот на август ќе биде реконструирана и улицата „Наум Наумовски – Борче“, на која исто така, ќе има пјацета со соодветна урбана опрема“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Герасимовски: За 50 отсто го зголемуваме надоместокот за новороденче

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени