ФОТО: Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп

Од:

Дваесет и две годишниот прилепчанец Н.Т. утрово околу 7 часот ги искршил стаклата на вратите и на големите прозорци од предната и едната страна на новата општинска зграда во Прилеп.

Прилеп 4

Според последната информација од Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола, полицијата го привела Н.Т., кој бил во алкохолизирана состојба со 1,67 промили во крвта.

Прилеп 3

Полицијата направи увид и го истражува случајот.

– Околу 6.45 часот изутрината со колешката работевме во просториите на зградата и одеднаш слушнавме силен и страшен звук. Се исплашивме, но кога се доближивме до надворешниот дел од зградата забележавме искршени стакла и фрлен камен. Не се огласи аларм зашто за време на нашето работење се исклучува системот. Веднаш го информиравме обезбедувањето, а тоа повика полиција, вели Наташа макешоска, хигиеничарка.

Стаклата целосно се искршени на предната страна, на сите врати и големите прозорци од страната на зградата кон паркот.

Прилеп 1

Од полицијата велат дека дополнително ќе информираат за настанот.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај