ФОТО: Паркинг-рампите во центарот на Охрид повеќе ги нема

Од:

Паркинг-просторот и улиците во центарот на градот се слободни за движење, откако утрово беа тргнати поставените рампи кои го спречуваа нормалното функционирање на сообраќајот во најспецифичниот простор во градот.

parking-ohrid

Како што претходно најави Градоначалникот Бакрачески, просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, а Договорот за закуп на паркинг просторот ќе биде раскинат, затоа што е штетен за општина Охрид, граѓаните и сите оние кои го користат просорот на тој дел од градот.

Со ова се реализира првиот сегмент од ветувањето на Градоначалникот Бакрачески за елиминирање на сите затекнати дубиози во функционирањето на локалната самоуправа. Компромис нема да има со никого, кога се работи за спроведување на законот и штитење на интересите на граѓаните на Охрид.

parking-ohrid2

Во текот на утрешниот дел, од страна на општина Охрид ќе бидат превземени градежни зафати за отстранување на бетонираните пречки на кои беа поставени паркин-апаратите.

parking-ohrid3

Давањето на управување на паркинг-просторот на приватен субјект за локалната самоуправа претставува штетен договор, донесен под сомнителни околности, во една нетранспарентна постапка и истиот претставува акт на нарушување на интересите на општина Охрид и нејзините граѓани.

parking-ohrid1

Затоа, општина Охрид ќе ги превземе сите законски средства да го раскине овој штетен договор.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум