ФОТО: Падна потпорниот ѕид на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип

Од:

Се случи она од што жителите на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип најмногу стравуваа – останаа и без проодна патека и без вода за пиење. Поради пукање на водоводна цевка на улицата дојде до свлекување и рушење на потпорниот ѕид, кој пред само петнаесетина дена беше поставен од страна на изведувачот на комплексот „Порта Пролет“.

zid (2)

zid (1)

Надлежните задолжени за надзорот на изградбата на овој комплекс велат дека уште во саботата навечер дошло до пукање на водоводна цевка на улицата „Козјак планина“, а водата што истекувала одела директно во темелите на потпорниот ѕид. За ваквата состојба испратиле известување до Општината и до СВР- Штип, но водоводната цевка била санирана дури во понеделникот. Презаситеноста на земјиштето со вода денес предизвикало пукање на уште една цевка, која е причина за рушење на дел од ѕидот.

zid (5)

„Знаевме дека ќе дојде до ова. И покрај сите апели никој не нè послуша и се продолжи со копањето. Она што тие го нарекуваат потпорен ѕид нам, на граѓаните ни личи на нафрлан бетон врз земјиште што постојано се свлекува. Не знаеме што ќе правиме, цел ден сме и без вода за пиење“, изјави жител на оваа населба, кој сакаше да остане анонимен.

Според жителите, среќа во несреќа било тоа што во моментот немало ниту едно дете на улицата, но се плашат дека во иднина ќе дојде и до пукање на ѕидовите на околните згради и нарушување на нивната статика. Досега жителите не ги посетил никој од надлежните служби и не знаат кога нивниот проблем ќе биде решен.

zid (3)

Од Општината велат дека на изведувачот му е наложено во најкраток можен рок да ја санира настаната штета, но не знаат кога патот ќе биде реконструиран и пуштен во употреба.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он